ЕКОЛОГИЈА

Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите мерки за заштита на животната средина. При изработката на проектите ФИЛБИС е секогаш во чекор со најновите закони, прописи и закони за животната средина цврсто придржувајќи се на еколошките етички принципи. Кон своите проекти пристапуваме со цел на подобрување на вредноста на социјалните, еколошките, економските и политичкиот живот на заедницата. Нашиот интердисиплинарен тим подготвува еколошки елаборати со цел да ги исполни барањата за животната средина.

Проектирање и имплементација на системи за прочистување на отпадни води, анализа за загадување во атмосферата, безбедносни мерки и средства за заштита и подобрување на условите со употреба на модерната технологија.