ГОРИВА

Употребата на фосилните горива е штетна за животната средина. Гасовите што се создаваат при согорувањето се во еден дел отровни за човекот. Покрај тоа, согорувањето на фосилните горива се произведува околу 21, 3 милиони тони јаглерод диоксид годишно, но се проценува дека природните процеси можат да апсорбираат само половина од тоа количество. Преостанатиот јаглерод диоксид останува воатмосферата и претставува главен причинител на ефектот на стаклена градина, што го предизвикува глобалното затоплување.

Поради штетноста по здравјето, глобалното затоплување и

ограниченоста на резервите, во светот сѐ повеќе се зборува за напуштање на фосилните горива и изнаоѓање на алтернативни обновливи извори на енергија.


– Составувањето на детална анализа, елаборати и проекти за влијанието, употребата и работата со природен гас и други горива за индустриска употреба.