БИЗНИС СТРАТЕГИЈА

Стратегија на ФИЛБИС е насочена кон градење на силни, долгогодишни партнерства со клиентите. Ние ја градиме нашата компанија врз основа на знаење, искуство и меѓусебна доверба со партнерите и клиентите. Наша обврска и задача е постојано задоволување на потребите на инвеститорите и клиенти / корисници и презентирање на сигурни решенија, производи и услуги во согласност со прифатените стандарди и ниво на квалитет. Исто така во соработката со нашите партнери од истата област на енергетиката е многу значајна за нас, што придонесува за доброто на сите страни. При тоа се обезбедува инспиративна работа и соодветни услови за работа кај вработените, Се трудиме да обезбедиме континуирана успешна изведба на пазарот во Македонија, во соработка со други партнери.

Само со компетентни луѓе, сигурно се стигнува до својата цел!

• Примена на достигнувањата во регија на светската наука, технологија и електроника.
• Создавање и континуирано надградување на сопствениот апликативен софтвер.
• Промоција на фирмата и нејзините методи на работа.
• Решавањето на дефинираните проблеми во дефинирани околности со помош на модерната технологија и опрема и со знаење и поддршка на веродостојни експерти.