ПРИНЦИПИ

Мото: ФИЛБИС има чест да ви служи – на најдобрите клиенти кои фирмата би можела да ги има.

ФИЛБИС е модерна компанија и е предводена од инженери. Оваа компанија има 13 вработени и 4 надворешни соработници. Половина од вработените во оваа компанија имаат долгогодишно искуство во организација на проектирање и менаџмент, дизајнирање на објекти и инсталации во областа на енергетиката. Сите вработени се сертифицирани, со долгогодишно работно искуство и вештини кои постојано се надградуваат  во работата во оваа фирма.

Ние сме навистина среќни што имаме лидери во редовите на нашата организација кои се грижат за она што го прават како и за вас, нашите клиенти и купувачи. Ние се обидуваме да ги научиме вработените на принципите на нашата компанија и стоиме одговорни зад нашите активности и решенија:

• Професионалност (дефинирана методологија и стандарди, планирање и ревизија на спроведување, стручност и континуирано подобрување.
• Функционалност.
• Сложеност (технички, технолошки, економски, трговски, од организациски аспект).
• Економија (признавање на сите трошоци и финансиски ефекти во полза на инвеститорите).