logo-filbis-006За Нас

Наша мисија е да изградиме доверлива и профитабилна компанија при што ќе им овозможиме на нашите клиенти креативни и оригинални идеи, професионалност и инженерски услуги.

ФИЛБИС ДООЕЛ Скопје е приватна инженерска компанија која нуди услуги за проектирање и консултанство во областа на градежништвото, машинството, архитекурата, електрични инсталации, сообраќај, хидромеханика, заштита од пожари, безбедност и заштита при работа и екологија.

Компанијата ФИЛБИС е основана во 1998 год. од страна на нејзиниот сопственик г-дин Мирко Стојановски и има седиште во Скопје, главен град на Македонија. Во почетокот компанијата започна да работи како проектанско биро со само 2 вработени, а денес ФИЛБИС е водечко име во областа на запаливите суспстанции, магацински простор, како и инсталации за горива и имплементација на течниот нафтен гас – ТНГ во Република Македонија.

Наши главни активности се проектирањето, инжинерството и техничкиот консалтинг. Исто така, ние овозможуваме услуги за проектирање, ревизија и надзор при градба на индустриски, јавни и станбени објекти. Како таргет регион на примена на нашата дејност и услуги е индустријата во балканскиот регион. ФИЛБИС има постигнато поголеми достигнувања во областа на горивата во енергетиката и транспортот на горива како и во областа на “HVAC” (Греење, Вентилација и Климатизација).​​

ФИЛБИС  е член на “Стопанската комора” во Македонија, исто така е член на “Комората на мали бизниси” во Македонија. Компанијата е член на неколку здруженија за енеретска ефикасност како “ЗЕМАК” – Македонска асоцијација за енергија, исто така “МАЦЕФ” – Македонски центар за енергетска ефикаснсот, “МАГА” – Македоснка геотермална асоцијација, “ХГА” – Хрватска асоцијација за гас и други.

support

ФИЛБИС  е лиценцирана компанија од страна на Комората на овластени архитекти и инжинери со Лиценците А за проектирање, ревизија и надзор при градба на објекти од прва катергорија.

Ние сме партнери со фирмите “Макпетрол” А.Д., “Цементарница Титан – УСЈЕ” А.Д., “Лукоил” А.Д., “РЖ Институт”, “Топлификација”, “Брилијант” – Штип, “Струмица ГАС”, сите од Р Македонија. ​

Исто така сме партнери со фирмите “Eco tech engineering” – Бугарија, “Weishaupt” – Словенија, “SBM” – Франција, “VIC” – Србија, “PASTOR” – Хрватска и “Kalvacha” – Бугарија.

Од 2010 год. ФИЛБИС е официјален застапник за Република Македонија на компанијата “SBM France” – Производител на гасни керамички системи за греење.

Во 2011 год. ФИЛБИС врши имплементација на Систем за квалитет на управување ИСО 9001:2008. Логото кое го доби нашата фирма за успешно спроведување на ИСО стандард е прикажано на десниот горен агол и со притискање на логото можете веднаш да го видите нашиот сертификат за Стандард ИСО 9001:2008.

Денес компанијата е насочена кон имплементирање на други светски и европски стандарди со цел да се здобие со повисоко ниво на организираност на работата и работното искуство, како и да ги превземе и научи најдобрите начини на управуавање и комуникација со парнерите како и управувањето со сопствената внатрешна организација.

 

.

Save

Save